Долгогодишен функционер на ДУИ и екс вицепремиер должи огромни пари на државата подигнати за трошоци за патувања.
Покрај него има уште неколку други функционери на ДУИ кои не враќале ниту правдале направени трошоци.
Оваа информација ја споделуваат членови на ДУИ кои сега се соочуваат со законот затоа што дозволиле парите земени како аванс никогаш да не бидат вратени а тие никогаш не го пријавиле делото.
Функционерот во времето кога водел едно министерство и бил во владата при патувања во странство подигнувал огромни суми во странска валута а по враќањето не ги раздолжувал парите.
Во министерствата и институции постои вообичаена практика министрите и другите функционери кога одат на пат да земат аванс во кеш кој го користат за плаќање за трошоци.
Проблемот со функционерот на ДУИ е што тој земал огромни суми и никогаш не ги оправдал земените пари.
Луѓето што сега зборуваат на темата велат дека тој бил премногу моќен и не смееле да му побараат сметкопотврди и фактури за направените трошоци затоа што можел да ги избрка од работа.
Со тоа тие дозволиле криминал и за функционерот но и за себе затоа што морале да пријават дека парите не се вратени.
Доколку се покаже дека некој во институциите фалсификувал завршна сметка со цел да го скрие овој криминал тогаш тој се соочува со сериозни затворски казни.
За овој случај биле информирани и странски претставници во Скопје каде што била побарана помош но од странците била добиен совет целиот криминал да се пријави во соодветни институции.
Неофицијално се работи за десетици илјади евра кои биле подигнати од овој и други функционери на ДУИ кои никогаш не се расчистени.
За многумина овие суми се минимални и власта треба да се фокусира на десетиците и стотиците милиони криминални случаи но овој случај покажува како иако постоела јасна процедура и практика некои функционери го игнорирале законот а знаеле дека еден ден ќе се соочат со него.






