Што носи во торбата шефицата на ЕК за Македонија?!

Што ќе значи доаѓањето на претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен? Дали има надеж за европскиот пат на Македонија и деблокада на евроинтеграциите? Ова се прашањата кои се се поактуелни, додека уставните измени, кои се услов за продолжување на Македонија по патот кон ЕУ, не се усвојат.



В среда таа ќе допатува во Тирана, која е прва нејзина дестинација. Ќе се сретне со премиерот Еди Рама и ќе учествува на свеченото отворање на кампусот на Колеџот на Европа. В четврток тоа ќе се сретне со претседателот Бајрам Бегај, а потоа ќе замине за Северна Македонија, а ќе ги посети и поплавените подрачја во Босна и Херцеговина. В петок таа ќе отпатува за Србија а балканската турнеја ќе ја заврши во сабота со посета на Косово и Црна Гора.

Веќе е јасен ставот на европските челници – Македонија мора да го спроведе она што го вети, односно уставни измени за да биде внесено бугарското малцинство во македонскиот Устав.

За сега нема никаков официјален план од власта како да се откочат евроинтеграциите бидејќи за владејачката ВМРО-ДПМНЕ „уставни измени под дикат и уцени не смее да има“. Во игра се уставни измени со одложено дејство, но идејата за ова во Бугарија не помина добро, бидејќи официјална Софија децидно порача дека внесувањето на Бугарите во Уставот е главниот услов на кој Македонија се согласи со прифаќањето на францускиот предлог. Во меѓувреме, се заострува реториката на релација Скопје-Софија.