Нискиот економскиот раст ги загрижува економистите

Македонија ќе има најмал економски раст наредниот период во регионот на Западен Балкан, стои во извештајот на Светска банка кој беше презентиран денес. Проекциите на Светска банка не се оптимистички па затоа се изразува и загриженост за буџетскиот дефицит, здравството и образованието и корупцијата. Оваа година според Светска банка, Македонија ќе заврши со раст од само 1,8 отсто наместо проектираните 2,5 отсто напролет. Намалувањето се должи бидејќи нема реализација на Коридорите 8 и 10Д но и проблеми во енергетиката.



Економските експерти се загрижени по извештајот на Светска банка дека Македонија годинава ќе има најнизок раст во регионот, од само 1,8 отсто. Универзитетсkиот професор Абил Бауш во изјава за 24 вести вели дека не е изненаден од ваквите прогнози и вели дека и неговите модели го покажувале истото. Посебно загрижува податокот што земјава има за половина понизок раст од просекот на раст на земјите од Западен Балкан, кој е проектиран на 3,7 проценти. Според Бауш, наместо да се жали на своите претходници, Владата мора да почне да работи.

Недостигаат структурни рефорни во борбата против корупцијата, јавниот долг, реформи во даночниот систем, Владата нема визија за економски раст и развој на малите и средните претпријатија, а капитални инвестиции се измешани со емоции на политиката, како што е случајот со коридор 8, вели Бауш, кој додава дека зголемување на платите во јавниот сектор се прави без никакви параметри за економски раст и развој.

Од Владата не се премногу загрижени за негативниот извештај на Светска банка. Убедуваат дека бројките за последните два квартали од годинава ќе бидат многу подобри, оти во тој период се забрзала динамиката на капиталните инвестиции.

  • Порастот на БДП, согласно сегашните параметри, се очекува да биде меѓу прогнозите на ММФ и Светска банка или еден од подобрите во регионот или Европа, но да го почекаме декември кога излегуваат бројките за третиот квартал. Сепак, се очекува во третиот и четвртиот квартал растот да биде над три отсто со оглед на забрзаната динамика на капиталните инестиции.“

Светска банка прогнозира раст од 2,7 отсто, но само ако се реализираат капиталните инвестиции на државата, потрошувачката на домаќинствата да продолжи, а извозот да се подобри. Инфлацијата догодина ја прогнозира на три отсто, но предупредува дека земјава ќе се соочи со огромни ризици, како ниската продуктивност, неефикасното распоредување на капиталот и слабата надворешна побарувачка.

Банкарите се загрижени и за јавниот долг кој веќе достигна 62%, што се должи на лошата ефикасност на трошењето на јавните пари и слабата фискална дисциплина. Експертите очекуваат слични прогнози и проекции и од извештајот на Меѓународниот монетарен фонд, кој се очекува да биде објавен деновиве.

Еден од клучните проблеми е иселувањето а извештајот вели дека секој четврти жител го напуштил Западен или околу пет милиони граѓани. Корупцијата, образованието и здравството се уште се клучни проблеми и причина за иселувањето и затоа од Светска банка сугерираат на Владата да се фокусира на подобрување на здравствените услугите во овие два сектори но образованието, корупцијата.

Светска банка предвидува дека заедничкиот економски раст на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија во 2025 година ќе достигне 3,7 отсто, што е за 0,2 процентни поени повеќе од предвидувањата дадени во пролетното издание на извештајот. Растот во 2024 година се очекува да достигне 3,3 отсто, што претставува зголемување за 0,1 процентен поен од претходните проекции. Со најголем економски раст ќе бидат Србија и Косово, по што следи Црна Гора, Албанија па Босна и Херцеговина.