Во изјава за медиумите пред вчерашниот состанок на Претседателството на партијата, претседателот Зијадин Села стави крај на дилемите и шпекулациите дека ќе го напушти Европскиот фронт, пренесува Телеграфи.
Села рече дека информациите дека ќе ја напушти опозициската коалиција доаѓаат од ВРЕДИ.
„Дадениот збор ми е важен. Не знам од каде кружат овие тези, но веројатно од ВРЕДИ. Не знам дали сте ја слушнале анегдотата за лисицата и овенот – тие се однесуваат како лисици“, рече Села.
Тој најави дека ќе излезат на терен и ќе се сретнат со Албанците и со припадниците на другите заедници.
„Мораме да дејствуваме политички и да разговараме со Албанците и другите заедници … Ова што сега се случува не е нешто ново“, рече Села и ја спомена 1990 година, велејќи дека тогаш на Албанците им бил ускратен албанскиот јазик.
Села смета дека во Македонија ќе има предвремени избори.






