„Алфакс“: Вреди е лидер кај Албанците, а „Еврофронтот“ со етникумите испарува – ВМРО ДПМНЕ води убедливо во македонскиот блок

„Влијателниот европски сервис Europe Elects го објави истражувањето на IPIS спроведено во периодот од 10-13 октомври, во кое учествувале 1134 испитаници. Според резултатите на ИПИС, коалицијата Вреди успеала видно да ја намали разликата во однос на Европскиот фронт. Во македонскиот политички блок ВМРО-ДПМНЕ убедливо води со рејтинг од 43,7 отсто од гласачкото тело во однос на СДСМ, кој има рејтинг од 15,4 отсто.“објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.



Натаму „Алфакс“ пишува: За разлика од последното истражување на ИПИС, кога Европскиот фронт имаше рејтинг од 14,1 отсто наспроти коалицијата Вреди, која имаше 10,9 отсто од гласачкото тело, во новото истражување Европскиот фронт го губи кредибилитетот на граѓаните, бидејќи забележа пад на рејтингот на 13,6, додека Вреди како дел од владата го зголеми својот рејтинг на 12,5 отсто.

Имајќи го предвид фактот дека Европскиот фронт како коалиција е составен од партии од различни етникуми, оваа анкета докажува дека Вреди ја бетонира својата позиција како најголема политичка сила во албанскиот политички блок.