СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите, реагира лидерот Венко Филипче на иницијативата на неколку градоначалници Албанците во Македонија преку здружение на општини да добијат паралелна Академија на науките и уметностите..
„Загрижен сум и категорично се спротивставувам на идејата за формирање паралелна нова академија за науки и уметности. Преседан е создавање ‘етнички чисти’ институции, а оваа иста идеја недвосмислено беше и претходно отфрлена од актуелните академици.
СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите. Науката не смее да се етнизира на ниеден начин и во ниеден случај. За СДСМ и за мене како претседател, ова е тенденциозна политичка порака која им служи единствено на намерите за поттикнување поделби кои носат огромна штета за граѓаните и општеството“, пишува Филипче во реакцијата.
„Жалам што оваа идеја ВМРО-ДПМНЕ ја одмолчува, а со тоа и ја одобрува“ Вели Филипче според кој „СДСМ со сите расположливи механизми ќе се спротистави во општините кои треба да го финансираат овој проект“.






