Лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари ја отфрли можноста да се оди на предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори. Тој посочи дека ќе му посака „среќна Нова година на Европскиот фронт и во опозицијата“ и оти „Вреди ќе победат на локалните избори“. Ова го објави ТВ 21.
Овој став на Арбен Таравари, како еден од лидерите на коалицијата Вреди, уследи како одговор кон Зијадин Села од второто крило на Алијансата за Албанците, како дел од Европскиот фронт на ДУИ и Ахмети, кој исто така денес, на 16 октомври 2024 година, искажа убеденост дека ќе се случат предвремени парламентарни избори во Македонија.
ТВ 21 пренесувајќи ја оваа изјава на Села објави: Критикувајќи ги Арбен Таравари, поради неговото вршење на функцијата министер за здравство, но и владеењето на коалицијата на Вреди, споменувајќи го и случајот со смртта на 14-месечното девојче, Села кажа дека се ова „доволни докази дека треба да има предвремени парламентарни избори“.
„Која е разликата сега? Има само едно – сервилноста на Арбен Таравари кон секој, што зборува на македонски јазик. А кукавицата во своето истапување, кога се работеше за бебето, што го загуби животот, настојуваше да ја симне одговорноста од себе. Нека сонуваат со царот дека ќе продолжат, нека сонуваат оти ќе владеат и натаму и дека нема да има предвремени парламентарни избори, но јас мислам дека ќе ги има таквите избори.“ – изјави Зијадин Села.





