Затвореник за кој не е нејасно како го напуштил затворот, пукал синоќа околу 18 часот кон член на групата Грчец, дознава ТВ21 од свои извори.
Застреланиот во нога во инцидентот што се случил на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“бил итно е префрлен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Лекарите констатирале прострелна рана на ногата.
Од МВР велат дека повредениот бил донесен од страна на неговиот брат.
Тој на полицијата и појаснил дека додека се движел по улица му се приближило едно лице и му пукало во ногата. Нејасно е во моментов дали при исказот повредениот потенцирал дека го знае напаѓачот.
Според првичните неофицијални информации, се претпоставува дека инцидентот настанал поради должничко-доверителни односи.
Инаку дел од групата Грчец е во притвор, но поголемиот дел од неа, на чело со водачот Шеваљ Муареми, е во бегство, објави ТВ21.





