Повторно пукање во Чаир, едно лице е повредено

Пукање вечерва во скопската населба Чаир, дознава ТВ21.



-Според информациите, едно лице е рането и е пренесено на укажување лекарска помош во Градската болница, објави телевизијата.

Пред само неколку дена се случи престрелка во Чаир во близина на маркетот Веро во која беше повреден 19-годишен скопјанец.