Членот на израелската влада Ели Коен денеска ги нарече ОН „бескорисна сила“.
„ОН се неуспешна организација, а УНИФИЛ (мировната мисија на ОН во Либан) е бескорисна сила која не успеа да ја спроведе резолуцијата 1701, не успеа да го спречи Хезболах да се етаблира во јужен Либан“, напиша Коен.
Резолуцијата 1701, усвоена по војната меѓу Израел и Хезболах во Либан во 2006 година, бараше демилитаризирана зона, повлекување на израелската армија и разоружување на Хезболах, меѓу другите услови, кои не се случија целосно. Хезболах го зголеми своето воено присуство и вооружување, додека Либан го обвинува Израел дека не се повлекува целосно од либанските територии и дека го нарушува интегритетот на нивните воздушни и поморски граници.
Макрон: Нема да толелираме Израелците да напаѓаат мировници на ОН во Либан
Обединетите нации вчера објавија дека израелски тенкови ја пробиле вратата на базата во јужен Либан каде се стационирани мировници.
Привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) соопштија дека станува збор за намерен напад врз мировници во кој израелските војници пробија една од нивните позиции.






