Нападите на израелските сили врз мировниците на ОН (УНИФИЛ) покажуваат дека владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се обидува да го окупира Либан, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи во неделата пренесе Њуз.бг.
„Повторените напади на израелската влада против УНИФИЛ се јасен знак за нејзината политика на окупација на Либан и нејзината подготвеност да употреби воена сила без двоумење“, нагласи Министерството.
Министерството, исто така, ги повика сите земји-членки на ОН да ги спречат овие напади.
„Од секоја членка на Советот за безбедност на ОН е да ги одврати израелските напади против силите на ОН што тие самите ги одобриле“, се вели во соопштението.
Турција ги повика и земјите што го вооружуваат да заземат заеднички став против Израел.





