Мицкоски на средба со дијаспората во Германија: Да го зачуваме македонскиот оган кој ќе донесе подобра иднина

Премиерот Христијан Мицкоски кој е во посета на Германија, веднаш откако пристигна во Берлин се сретна со македонската дијаспора таму.



“Во предвечерието на мојот престој во Берлин СР Германија, остварив средба со македонската дијаспора. Разговаравме за врските со нашата татковина, за нашата борба да ја направиме Македонија подобро место за живеење, за зачувување на македонскиот оган кој мора да донесе иднина и подобри времиња”, напиша премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.