Хајдари: Треба албанска платформа за националните барања, па и бојкот на институциите! – Македонците не ја научија лекцијата од 2001!

„Националните барања на Албанците во Македонија остануваат нерешени и по повеќе од 30 години. Политичките Македонци (македонскиот политички чинител) продолжуваат и да ги исмеваат и да ги дискриминираат Албанците. Затоа е потребно како никогаш досега да се обедини албанскиот политички чинител и да изготви албанска политичка платформа наспроти политичките Македонци. Во оваа албанска политичка платформа би биле одредени барањата на Албанците, како и рок за нивно реализирање. Во неа би требало да се одредат и мерки за спроведување на тие барања, но и можен бојкот на институциите, или други демократски форми и методи, ако не се исполнат албанските национални барања. Ова треба да се гарантира и со меѓународна конвенција. Политичките Македонци  (македонскиот политички чинител) не ја научиле лекцијата ниту по војната во 2001 година. Ним мора да им се наметне решението за албанските национални барања, бидејќи во спротивно Албанците ќе останат дискриминирани.“ – нагласува Фејзи Хајдари, новинар и издавач на весникот на албански јазик „Лајм“, во својата провокативна  колумна.



Покрај другото, Хајдари пишува: Сите албански партии, која било да е, доживеаја спектакуларен неуспех во своите политики на планот на остварувањето на националните барања на Албанците, кои датираат уште од 90-тите години на минатиот век. Ова се тие барања: 1. Реализација на целосната официјалност на албанскиот јазик; 2. Еднаква употреба на државното знаме; 3. Сразмерна поделба на државниот буџет, а со тоа и на власта; 4. Сразмерна застапеност на Албанците во армијата, полицијата и др.

Во 2001 година се водеше војна меѓу УЧК и македонските воено-полициски сили и по нејзиното завршување Албанците се надеваа дека ќе има коренито и квалитативно подобрување во однос на нивниот политичко-правно-уставен статус. Но, речиси сите национални барања на Албанците од 1991 година и денес остануваат нерешени – висат „во воздух“! Следствено и денешните судири за „балансерот“, „јазикот“, „застапеноста“, „дискриминацијата“ и друго се последица на неуспехот на албанскиот политички чинител во изминатите повеќе од 30 години.

Состојбата, каква што е денес, бара обединување на албанскиот политички чинител како никогаш досега. Само преку обединување може да излезе од оваа ситуација, каде што политичките Македонци (македонскиот политички чинител) продолжуваат да ги исмеваат и ги дискриминираат Албанците. Само обединувањето на албанскиот политички чинител ќе создаде услови за изготвување албанска политичка платформа наспроти политичките Македонци.

Во оваа албанска политичка платформа би биле одредени барањата на Албанците, како и рок за нивно реализирање. Во неа би требало да се одредат и мерки за спроведување на тие барања, но и можен бојкот на институциите, или други демократски форми и методи, ако не се исполнат албанските национални барања. Ова треба да се гарантира и со меѓународна конвенција.

Сè друго ќе биде само игра, бидејќи политичките Македонци (македонскиот политички чинител) по којзнае којпат докажуваат дека „не ја научиле лекцијата ниту по војната во 2001 година“. Ним мора да им се наметне решението за албанските национални барања, бидејќи во спротивно Албанците ќе останат дискриминирани, како Турците во Бугарија и Грција, или Унгарците во Србија, Романија, Словачка итн. Интеграцијата во НАТО и ЕУ не ги реши националните барања на Албанците, особено не правно-уставниот статус.