5000 натпреварувачи беа дел од ПАРАДАТА НА НАЦИИТЕ која вчера вечер се одржа во рамките на Светското првенство во Хип Хоп во салата Борис Трајковски во Скопје.
Парадата ја отвори КУД Мирче Ацев, кои со својот перформанс и интонирањето на македонската химна покажаа дел од македонскиот фолклор и ги поканија сите натпреварувачи заедно со организаторите студиото Брејк А Лег и жирито да бидат дел овој светски настан.

Покрај 4000-та публика, во салата беа присутни претставници на амбасадите на земјите учеснички, како и претставници од министерството за млади и спорт и министерството за култура. Македонија покажа како треба да се организира еден светски настан, кое според сите официјални лица од организацијата на ова натпреварување го потврдија истиот и го позиционира Скопје како центар на танцот во овие 7 дена.


IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024 ќе продолжува да ги воодушевува љубителите и во следните пет дена со натпреварите што следуваат, со што Скопје ќе продолжи да пулсира во ритамот на хип хоп музиката.





