Од коалицијата ВРЕДИ велат дека, аргументот на Али Ахмети за легитимитет е разобличен со фактот дека „барем тројца од пратениците на ‘Европскиот фронт’ не зборуваат албански и на албанската јавност ѝ се обраќаат на македонски јазик“.
„Во оваа група се поранешниот претседател на Уставниот суд Сали Мурат, милионерот и пратеник Исмаил Јахоски, познат како Пуцко Петрол и пратеникот Бејџан Иљас.
Второ, Али Ахмети одамна го загуби ексклузивното право да зборува во име на Охридскиот договор. Бидејќи долго време е на власт и за да ја зачува својата фотелја, Ахмети направи стотици отстапки и извитоперувања на основните дефиниции на Охридскиот договор. За време на неговиот 22-годишен мандат, официјализацијата на албанскиот јазик стана предмет на пазарење, децентрализацијата на власта деградираше во банално прашање, а вниманието се посвети само на збогатувањето на неговите вечни функционери“, се вели во соопштението.
Трето, според ВРЕДИ, Ахмети веќе нема морален кредибилитет да зборува за статусот на поранешните борци на Ослободителната народна армија (ОНА) зашто ниту една од владите во кои учествувала ДУИ, не го решила нивниот статус…





