Најчевска за Касами: На граѓаните им треба чист воздух, пари, стандард, а тој зборува за двојазични банкноти

Професорката Мирјана Најчевска ја коментира изјавата на лидерот на БЕСА, Билал Касами дека банкнотите ќе бидат двојазични.



Таа додава дека на граѓаните им треба стандард, сигурност, чиста вода и воздух.

Банкнотите на оваа земја ќе бидат и на албански јазик, најавува Билал Касами од БЕСА.

„Талат Џафери ги испраќаше документите до пратениците на македонски јазик, Африм Гаши денеска ги испраќа и на албански јазик до сите пратеници. Двојазична комуникација не постоеше во времето на Талат Џафери, а сега ја има во времето на Африм Гаши“, рече лидерот на Беса и тетовски градоначалник Биљал Касами вечерва во гостување на ТВ21.

Тој oбјасни дека ќе се менуваат и други закони, меѓу кои и Законот за Народната банка, а со измените, рече дека ќе се овозможи употреба на албанскиот јазик на банкнотите.