Либанското министерство за здравство соопшти дека во синоќешниот напад на главниот град Бејрут загинале најмалку 22 луѓе, пренесуваат медиуми



117 други се повредени, а спасувачите копаат низ урнатините во Бачура, мала шиитска област во главниот град каде се случија нападите.

Медиумите ги цитираат безбедносните извори кои велат дека Вафик Сафа, близок соработник на убиениот лидер на Хезболах, Хасан Насрала и очигледна мета на последните напади – преживеал.

Немаше предупредување пред да започнат воздушните напади кои погодија станбени згради во две густо населени населби во Бејрут.

Ова е трет пат Израел да лансира воздушни напади во градот, надвор од предградието Дахиех каде што постојано напаѓа.

Нападот се случи вчера околу 20 часот. Израел сè уште не презеде одговорност за нападот.