Балансерот му припаѓа на минатото, етничката припадност не треба да биде критериум за вработување, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.



Оттаму ја поздравуваат одлуката на Уставниот суд за укинување на таканаречениот Балансер, алатка за вработување според етничка припадност, со што директно се нарушува начелото на уставно загарантираното право на работа и слободниот избор на работа за сите граѓани, без разлика на етничката, верска и социјална припадност.

„Балансерот поттикна бројни злоупотреби и направи вистинска карикатура на декларацијата за етничката припадност на граѓаните, кои само за да се вработат во државната администрација лажно се претставуваа како Албанци, Македонци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби , велат од Демократскиот сојуз.

Од ДЦ нагласуваат дека меритократскиот систем треба да биде единствената алатка за вработување и унапредување на високи раководни позиции во државните и јавните институции.

„Што се однесува до соодветната и правична застапеност на етничките заедници, која е и уставна категорија, важно е да се напомене дека припадниците на етничките заедници можат да имаат приоритет при вработување во државни и јавни институции на национално и локално ниво, само доколку со други кандидатите се еднакви по професионалните квалитети.

Ова е суштината на позитивната дискриминација што се применува како успешен модел во некои мултиетнички општества на Запад“, додаваат оттаму.

Етничката припадност, додаваат оттаму, не може и не смее да биде критериум за вработување и напредување на раководни позиции во јавните институции. Законот за правична застапеност кој се најавува како замена за укинување на т.н. Балансерот мора да ги земе предвид овие европски и светски стандарди.