Најмалку 11 лица се потврдени за загинати под налетот на ураганот „Милтон“, кој втор ден беснее на Флорида, во јужниот дел на САД, јави телевизијата Ен-Би-Си.



Според ТВ каналот, во зоната на поплавите има приближно 11 милиони луѓе. Речиси 3,5 милиони од нив се  без струја.

Милтон ја погоди Флорида како ураган од трета категорија (налетите на ветерот до 195 км/ч), а потоа ослабна до категорија 1 (150 км/ч)

Милтон е третиот ураган што ја погоди Флорида оваа година.

Помалку од две недели претходно, на 26 септември, ураганот Хелен донесе уништување и смрт.

Тогаш, најмалку 230 луѓе загинаа, што го прави ураганот „Хелен“ еден од најсмртоносните во историјата на САД.

Ураганите „Марија“ (2017 година, 2.975 смртни случаи) и „Катрина“ (2005 година, 1.392 смртни случаи) однесоа повеќе животи.

Штетата од „Хелен“ изнесува најмалку 190 милијарди долари.