На граѓанин од Врапчиште од турска етничка припадност во МВР одбиле да му го прифатат барањето за патна исправа на турски и македонски јазик зашто немале набавено такви обрасци и му понудиле друг со каков било јазик. Бидејќи човекот требало итно да патува, бил принуден да прифати пасош на друг јазик, различен од мајчиниот, доздава „СакамДаКажам“.
За ова поднел претставка на 4 јули годинава пред Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), која веќе имала отворено голем предмет за ова, по поднесена претставка од Демократската партија на Турците поради немање обрасци за пасоши за Турците – македонски државјани.
Комисијата ги споила двете претставки и утврдила директна, но и индиректна продолжена дискриминација од Министерството за внатрешни работи кон овие припадниците на турската етничка припадност…






