Норвешкиот Нобелов комитет планира да го објави изборот во Осло во 11 часот.
Оваа година беа предложени вкупно 286 кандидати, од кои 197 поединци и 89 организации.
Планетата е во војна, Нобеловата награда за мир можеби нема да се додели
Нобеловите институции традиционално ја чуваат листата на кандидати во тајност цели 50 години.
Оваа недела веќе се објавени и добитниците на Нобеловата награда во категориите медицина, физика, хемија и литература.
Последната награда, за економија, ќе биде доделена во понеделник.
Традиционално, сите Нобелови награди се доделуваат во Стокхолм, а само наградата за мир се доделува во Осло.
Нобеловите награди, освен за економија, произлегуваат од волјата на основачот на наградите и пронаоѓачот на динамитот, Алфред Нобел (1833-96).






