Ураганот Милтон, најсилниот во последните сто години, ја погоди американската сојузна држава Флорида.



Иако ослабе од категорија 5 во категорија 2, ураганот остава пустош зад себе

Прекините на струја се зголемија низ Флорида додека ураганот Милтон се движи кон внатрешноста – речиси 2 милиони домови и бизниси останаа без струја.

Повеќе од милион луѓе се евакуирани, многу области се веќе поплавени, нивото на морето се зголемува, забележани се екстремни количества дожд и ветрови со брзина од 200 километри на час.

Се предвидува дека нивото на морето ќе се зголеми до четири метри. Според податоците на Националната управа за океани и атмосфера, ураганот предизвикал бранови високи до 8,5 метри во океанот,

Најмногу е погоден округот Сент Луси на Атлантикот на Флорида, каде има најмалку двајца загинати, пренесува Еј-би-си њуз.

Стадионот Tropicana Field, домот на Тампа Беј Рејс, беше тешко оштетен од ураганот кој го однесе покривот, пренесува Sky News.

Не е јасно дали е оштетена внатрешноста на стадионот, но се верува дека нема повредени. Стадионот не се користи како засолниште, туку го користат екипите за итни случаи донесени во областа за да помогнат во справувањето со последиците од невремето, според NBC.

Сенаторот од Флорида Рик Скот изјави за Си-Ен-Ен дека е загрижен за жителите кои избрале да не се евакуираат, како и за безбедноста на спасувачите кои би можеле да ги ризикуваат своите животи за да им помогнат.

„Луѓето кои не се евакуираа и требаше – не можеме да се грижиме за нив сега“, изјави Скот за Кејтлан Колинс на CNN на „The Source“.

„Сега немате избор. Морате да останете, да се засолните и да си го спасите животот.“, рече тој.