„Ние остануваме цврсти во нашата посветеност за спречување судири, градење на владеење на правната држава и заштита на уставните права за секој граѓанин. Правичната застапеност станува клучот за градење сеопфатно мултиетничко општество, каде што секој поединец се чувствува вклучен и ценет. Ова е од суштинско значење за зачувување на мултиетничкиот карактер на земјата, за зајакнување на општествената кохезија и гарантирање одржливост, правда и просперитет за сите граѓани.“ – објави Денион Мејдани, амбасадорот на Албанија во Република Македонија, по синоќешната средба со Изет Меџити, вицепремиерот на Република Македонија, со кого меѓу другото разговараа за „меѓусекторска координација и забрзување на регионалните проекти, се во согласност со реформската визија на ЕУ за регионот“. Неговата објава ја пренесе ТВ Шења. Случајно, или не, оваа средба на албанскиот албасадор уследува истиот ден кога и уставниот суд на Македонија го укина фамозниот врамнотежувач – балансерот и во овој контекст особено ставот на Мејдани за правичната застапеност наметнува дилема: дали тој се обидува да дели „поуки“ и да ја коментира одлуката и активностите на највисокиот суд во друга суверена држава, на начин кој претставува мешање во внатрешните работи на Република Македонија?
ТВ Шења пренесе: Амбасадорот на Албанија во Скопје Денион Мејдани се сретна со првиот вицепремиер Изет Меџити, со кого меѓу другото разговараа за меѓусекторска координација и забрзување на регионалните проекти.
Целосната објава на амбасадорот Мејдани: „Имав долг разговор со мојот пријател, првиот вицепремиер Изет Меџити. Бевме насочени кон унапредувањето на меѓусекторската координација и забрзување на регионалните проекти, се во согласност со реформската визија на ЕУ за регионот. Нашата цел е јасна: да ги скршиме пречките и да создадеме заедничка енергија, за да поттикнеме одржлив напредок. Иако неодамнешните предизвици претставуваат големи тешкотии, ние остануваме цврсти во нашата посветеност за спречување конфликти, градење на владеење на правната држава и заштита на уставните права за секој граѓанин.“
„Како што се засилуваат глобалните предизвици – како што се геополитичките поделби, климатските промени и тековните судири – се соочуваме со нова реалност, исполнета со нееднаквост, неправда и неизвесност. За да ги надминеме овие предизвици, мора да ги здружиме напорите и да ја зајакнеме соработката на сите рамништа. Овие меѓусебно поврзани прашања ја загрозуваат стабилноста и ја нагласуваат потребата од користење на сите можни средства за зајакнување на мирот, просперитетот и долгорочниот напредок.
Соочени со овие предизвици, правичната застапеност станува клучот за градење на сеопфатно општество, каде што секој поединец се чувствува вклучен и ценет. Ова е од суштинско значење за зачувување на мултиетничкиот карактер на земјата, зајакнување на општествената кохезија и гарантирање одржливост, правда и просперитет за сите граѓани.“
Ја ценам цврстата посветеност на Изет Меџити да ја направи оваа визија опиплива реалност.
#Дипломатија #Регионална координација #Директно застапување #Социјална кохезија #МирИразвој






