Комерцијалните банки нема да земаат провизија за администрирање на унгарскиот заем

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е убедена дека домашните комерцијални банки нема да земат провизија од администрирањето на делот од унгарскиот заем од 250 милиони евра кој ќе им се дели како поволни кредити на македонските компании.



Министерката во „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека усно е договорено со комерцијалните банки да не побараат некаков процент за да ја овозможат услугата околу доделување на кредитите на фирмите, или пак таа услуга да биде незначително наплатена.

-Првичните разговори ни беа сепак и тие да учествуваат во целата оваа работа за да ја заживееме економијата, бидејќи знаеме дека во изминатите години го достигнавме нивото, очекувањата на приватниот сектор беа многу лоши затоа и инфлацијата се влошуваше и сега тука заеднички ќе се потрудиме да најдеме начин како и комерцијалните банки да ја поддржат целата оваа работа со минимални или речиси никакви заработки. Секако ќе разговараме, Развојната банка ќе разговара со нив и ќе видиме понатаму како ќе оди целата постапка, вели министерката за фианнсии.

Прашана дали фирмите ќе имаат некакви дополнителни обврски кон комерцијалните банки, бидејќи првично беше најавено дека условите коишто ги користи државата од Унгарија ќе ги имаат и компаниите во земјава, министерката за финансии одговори потврдно.

-Истите услови. Тука нема дилема. Значи, остануваат истите услови – каматната стапка, исто 15 години рок на отплата со вклучени три години грејс период, но она што е важно што и компаниите го знаат и претходно сме го зборувале, станува збор за компании коишто се производни, коишто ќе инвестираат во машини и опрема. Зошто е тоа така, ние рековме нема да ставиме само акцент на извозните компании, може да се и домашните компании коишто произведуваат и продаваат на домашниот пазар. Целта е или да го поттикнеме извозот или да го намалиме увозот. Ефектот е потполно ист. Затоа велиме производни компании под истите услови под коишто и ние го обезбедуваме кредитот, подвлекува Димитриеска-Кочоска.

Целиот текст прочитајте го тука.