„Сметам дека владата на СДС и ДУИ направија голема грешка, суштинска грешка кога прифатија билатеризација а евроинтеграциите“ – изјави во синоќешната “Само вистина“ нал 5 пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.



„Со потпишувањето на вториот протокол кој што Бујар Османи и неговата колешка во Софија го потпишаа во 2022 година сметам дека се направи голема грешка.

Тогаш на бугарија владата на СДС и ДУИ и подари инструмент за легално блокирање на ЕУ интеграциите.

Кој што гледаме дека сега резултираше со поволна одлука за Албанија и неповолна одлука за Македонија“ рече поранешниот министер за надворешни, Милошоски.