Руте: Патот на Украина кон НАТО е неповратен

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на заедничката прес-конференција во Брисел со претседателот на Финска, Александар Стуб, изјави дека патот на Украина кон Алијансата е неповратен и оти Русија нема право да гласа или да стави вето за тоа прашање.



„За време на самитот во Вашингтон јасно видовме дека патот на Украина кон Алијансата е неповратен. Како што реков во Киев минатата недела, на Русите треба да им биде јасно: тие немаат збор за ова прашање, Москва нема право на вето. Сите ние треба да одлучиме кои ќе бидат следните чекори во поглед на она што се случува во поширок контекст, на Украинците им е исто така јасно дека тоа е нивната иднина“, рече Руте.