Тачи „ќе се консултира со Ахмети за интересите на Албанците“, иако е вон „Еврофронтот“ – Касами: Не го сакаме во владата

„Заминувањето на лидерот на ДПА Мендух Тачи од Европскиот фронт за ДУИ не го загрозува функционирањето на парламентарната група. Арта Биљали Зендели, пратеничка во Собранието од ДУИ, вели дека Тачи, според неговите ставови, ќе продолжи да дејствува како опозиционер и да биде во координација со лидерот на интегративците Али Ахмети.“ објави ТВ 21.



Натаму, ТВ 21 пишува: Од коалицијата на власт ВРЕДИ неколку пати изјавија дека очекуваат заминување на пратеници од ЕФ. За лидерот на Беса Билал Касами ова е само почеток. „Јас реков дека ќе започне распуштањето на Фронтот и тоа веќе започна од Мендух Тачи. Бидејќи, тој Фронт не беше формиран за да биде опозиција, туку за да ја добие власта и да продолжи да ѝ помага на ДУИ да биде на власт.“ – посочи Касами.

Според Арта Билали-Зендели, „барем за сега нема гласини за заминување некој пратеник од Европскиот фронт“.

Но дали е подготвена коалицијата Вреди да го прими во владата лидерот на ДПА? Билал Касами во емисијата „Клик Плус“ изјави дека „Вреди нема потреба да соработува со политички субјект, или партија, како што е Мендух Тачи и ДПА“. „Не го сакаме Мендух Тачи и ДПА ниту во парламентарното мнозинство, ниту во владата.“ – нагласи Касами.

Своето заминување од Европскиот фронт Мендух Тачи официјално го потврди синоќа, но појасни дека „ќе продолжи да се консултира со Ахмети за интересите на Албанците, за интегративниот процес и уставните измени“.

.