Новинарката и политиколог Венера Латифи-Азизи е именувана како портпаролка на Владата на Република Македонија

Венера Латифи-Азизи е именувана како портпаролка на Владата на Република Македонија. Таа е првата албанска жена, назначена на оваа позиција.“ објави ТВ Алсат.



ТВ Алат пишува: Венера Латифи-Азизи e поранешнa уредничкa и новинарка во Радио Слободна Европа во Прага, уредничка во новинската агенција МИА, уредничка и водителка во Алсат М телевизија, уредничка во весникот КОХА, во А1 телевизија и други медиуми во Македонија. Моментно е вработена во Кабинетот на градоначалникот на општина Чаир како одговорно лице за односи со јавноста.

Таа е дипломиран политиколог на Штуловиот универзитет во Тетово. Во моментов е магистрантка по дипломатија и меѓународни односи во врска со  улогата на дипломатските претставништва и евроатлантските интеграции на Македонија.