Утрово луѓето пристигнаа на местото на фестивалот „Супернова“ во Реим, во јужен Израел, каде припадници на Хамас пред една година направија масакр.



Песната што свиреше пред Хамас да упадне на фестивалот беше повторно пуштена.

Насобраните семејства држеа фотографии од жртвите на фестивалот.

Повеќе од 1.200 луѓе, меѓу кои и деца, станаа жртви на крвавиот напад.

Над 250 Израелци беа земени како заложници од радикалната организација во Појасот Газа.

97 заложници се’ уште не се вратиле дома, а 33 се прогласени за мртви.

Следуваше напад на Израел во Газа, а потоа и на Хезболах во Либан.

За време на офанзивата во Појасот Газа загинаа најмалку 41.825 Палестинци.

Според властите, повеќе од 2.000 луѓе се убиени во Либан од октомври 2023 година.