Српскиот премиер Милош Вучевиќ денес во Скопје – посебен режим на сообраќајот

„Поради официјалната посета на претседателот на Владата на Република Србија Милош Вучевиќ, денеска во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај.“ – соопшти МВР.

„Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.“ – се наведува во соопштението.

СВР Скопје ги повикува граѓаните да ги почитуваат наредбите, што ги издаваат полициските службеници.