(Фото на денот): Во градските автобуси сега не работат и дел од новите апарати за поништување на билетите

Во автобусите на ЈСП се монтираат нови валидатори. Скопјани, кои го користат јавниот градски превоз, се зачудени поради тоа што валидаторите на задните врати на автобусите не работат. Најново е тоа што сега и дел од нив кои се на предните врати веќе не работат, па така ако пред некое време беа замотани со црни кеси, како што „Експерс“ неколку пати информираше, сега, дел од нив се обложени со обични кеси од маркет, што предзвикува исмејување на патиниците кои редовно го користат јавниот превоз.



Фото: Експрес.мк (не смее да се преземаат фотографиите без да се наведе изворот).

Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ уште пред месец дена појаснија дека е во тек надградба на Системот за автоматска локација на возила и електронска наплата во автобусите на ЈСП и  приватните превозници, согласно договорот со конзорциумот, софтверската компанија „Аитоникс“  – Македонија.

  • Надградбата се врши во три фази. Моментално се работи на втората фаза во рамките на која се инсталира по еден валидатор во сите возила од новиот надграден систем. Оваа фаза ќе заврши до 15.9.2024 година , по што ќе почне третата, односно паралелна работа на двата системи, при што новиот валидатор во целост ќе ги прифаќа билетите како и во стариот систем. Поради оваа причина новите валидатори се во моментов заштитени, бидејќи сè уште не се во функција, а со цел да се заштитат до моментот додека не се заврши втората фаза во сите автобуси – соопштија од ЈСП на 21.08.2024.

Оттаму додаваат дека третата фаза ќе трае 15 до 30 дена, при што ќе  се детектираат сите недостатоци на новиот систем, доколку постојат такви. Но и покрај тоа, сликата во градскиот превоз е лоша.

Капак на се, е тоа што и добар дел од валидаторите за билети поставени на задната врата во автобусите на ЈПС „Скопје“ не работат. Апаратите за плаќање се завиткани со црни кеси и патниците можат да го поништат билетот само на валидаторот поставен на предната врата. Тоа создава дополнителни гужви во автобусите кои и така ги нема, а кога ќе дојдат се преполни со патници.