„Директорот на Македонски пошти Орхан Куртиши ја реорганизираше работата по хаосот, што настана со недоставувањето на пакетите до адресите на граѓаните. На фејсбук тој објави дека се испорачани повеќе од 560 илјади пакети на адресите на граѓаните, кои ги чекале со месеци!“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.
„Алфакс“ ја пренесува објавата на Куртиши на фејсбук: Лошата состојба и неорганизираноста во Пошта 2 во Скопје доведоа до собирање на повеќе од 560.000 необработени и неиспорачани меѓународни пакети, при што клиентите со месеци чекаа ја чекаа својата нарачка, која не им стасуваше вопшто. Благодарение на планот за активности во соработка со новото раководство и работниците, распределбата на пратките се врши во рекордно време: само за 4 дена се обработени и доставени 300 илјади нарачки.






