Укинувањето на брзите кредити и бришењето на сите долгови што граѓаните ги имаат на нив беше едно од предизборните ветувања на коалицијата ВРЕДИ. Но, по изборите ова прашање како да беше заборавено, додека целиот фокус беше ставен на борбата против коцкањето.
Еден од лидерите на ВРЕДИ, Арбен Таравари бара трпение, бидејќи на ред ќе дојдат и брзите кредити, пишува Телеграфи.
Истото го вели и пратеничката на Саранда Имери која доаѓа од партијата Демократско движење.
„…брзите заеми продолжуваат да цветаат во * Македонија. Можете да ги најдете во секое ќоше од градовите, додека честопати правеле доста проблеми, дури и со украдени податоци“.
И Народниот правобранител алармираше за различни случаи, како на пример кога се подигнати пет брзи кредити на име на лице со церебрална парализа.
Несер Зибери апелираше да се зголемат контролите од Министерството за финансии.






