Меѓународна научна конференција насловена како „Кооперативен мултиполарен систем: во потрага по нов светски поредок“ ќе се одржи денес и утре во Скопје со учество на врвни светски научни истражувачи. Тематските расправи ќе опфатат широк спектар на најитни и најсериозни проблеми од меѓународната безбедност, геополитиката и геоекономијата.
Воведничари на конференцијата ќе бидат професорите Радика Десаи од Канада, Ричард Саква од Англија и Џанг Веивеи од Кина, како и д-р Јан Оберг од Транснационалната фондација за истражување на мирот и иднината од Шведска.
Научната конференција ја организира Центарот за глобални промени како истражувачка единица при Филозофскиот факултет (УКИМ) во Скопје под водство на професорката Билјана Ванковска. Во организацијата на конференцијата како помагач учествува Матицата на иселениците од Македонија учествува како помагач во организацијата на конферецијата, која ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје.






