Ахмети: ДУИ не е резервна гума, не сакаме во оваа влада

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ги отфрла гласиштата дека неговата партија би ја заменила коалицијата „Вреди“ во актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.



„Не сме заинтересирани да станеме дел од оваа влада, бидејќи не сме резервна гума, па да ја ставаат кога имаат дефекти на патот. Од тука порачувам – не играјте си со нас. Стабилноста на оваа земја е во рацете на двете најголеми заедници. Албанците се субјект, а не објект во оваа држава“, рече Ахмети на конференцијата на Европскиот фронт насловена „100 дена скандали, омаловажувања, понижувања, неуспеси“, мислејќи на првите сто дена од новата влада.