Огнот според информациите почнал да се шири од подрумските простории на зградата од каде се издига и густ чад, јави Телма
Екипите на противпожарната бригада и итната медицинска помош се на терен, за ТВ Телма потврдија дека била извршена итна евакуација на сотина станари.
Меѓу нив има и повредени лица соопшти итната медицинска помош.Од таму во изјава за Телма соопштуваат дека за сега сепак нема потешко повредени.
На најголем број од лицата им била укажана лекарска помош поради вдишување на чад.
Поради густиот чад оневозможено е станарите да бидат евакуирани од влезната врата на зградата па тоа во моментов тоа се прави со посебни скали и станарите се евакуираат од терасите и покривот на зградата.






