Двајца вооружени напаѓачи отвориле оган врз луѓе на трамвајска постојка во областа Тел Авив-Јафа. Според првичните информации, терористите излегле од трамвај и отвориле оган.



Потоа се појави информација дека пред да се симнат на постојката, терористите пукале во трамвајот, при што загинале непознат број лица.

Израелската полиција го потврди терористичкиот акт, соопштувајки дека досега се убиени 9 лица, а 7 се повредени.

Двајцата напаѓачи се убиени. Имало и трето лице кое успеало да побегне пред пукањето на автобуската постојка.

Палестинскиот „Исламски џихад“ ја презеде одговорноста за вчерашното пукање во Јафа, предградие на Тел Авив.

„Операцијата ја потврдува ескалацијата на отпорот… и дека таа стана цврста можност за нашиот народ да ги врати своите права“. Ова се вели во соопштението на групата, цитирано од АФП.

 

 

Полицијата соопшти дека се верува дека пукањето во Јафа е терористички напад.