Три цивили загинаа, а уште девет се повредени во израелски воздушен напад врз сирискиот главен град Дамаск, соопштија утрово сириските државни медиуми, повикувајќи се на воен извор.



Сириската државна телевизија претходно објави дека  ТВ-водителката Сафаа Ахмад е убиена во израелски напад, а како што пишува Ројтерс, засега не е јасно дали водителот бил меѓу тројцата цивили кои ги споменуваат државните медиуми.

На прашањето на Ројтерс за нападот, израелската војска соопшти не ги коментира извештаите на странските медиуми.

Израел со години извршува напади врз цели поврзани со Иран во Сирија, но таквите напади ги засили по минатогодишниот напад на Хамас на израелска територија, потсетува Ројтерс.

Израелскиот воздушен напад предизвика и значителна штета на приватната сопственост, додаваат државните медиуми.