Пратениците во српското Собрание ги усвоија измените на Законот за финансиска поддршка на семејствата со деца, со кои се предвидува зголемување на родителскиот додаток, кој за прво дете родено по 1 јануари годинава ќе изнесува 500.000 динари еднократно или околу 4.270 евра според средниот курс од 117 динари за едно евро.
За второ дете поддршката е 600.000 динари (5.130 евра), со еднократна парична помош од 135.000 динари (2.000 евра).
Родителскиот додаток за трето дете ќе изнесува 2.280.000 динари (околу 19.500 евра), со еднократен додаток од 135.000 динари (2.000 евра).
Надоместокот за четврто дете ќе изнесува 3.180.000 динари (околу 27.200 евра).
Надоместоците за второ, трето и четврто дете ќе се исплаќаат на еднакви месечни рати.
За предлогот гласаа 184 пратеници, еден беше против, немаше воздржани, а 10 пратеници не гласаа.
„Со ова уште еднаш се потврди определбата на државата да се грижи за семејствата и да го поддржува родителството, борејќи се за иднината и безбедноста на сите наши граѓани“, се вели во соопштението на Министерството за грижа за семејството и за демографија.





