Колку Законот за нефер трговски практики и есенската кошница ќе им помогнат на граѓаните?! Мирче Јовановски во гостување на Топ Тема на Телма, истакна дека досегашното искуство дека многуте закони по европски стандарди биле изигрувани. Долга е традицијата на чудни прилагодувања, кои на прв поглед се добри за потрошувачите и производителите, а потоа да не се покаже така. Според него Владата не се едногласни од ефектите на овој закон и во однос на одлуката на есенската кошничка.
Законот е донесен со одложено дејство, веќе има шест месеци од донесување до неговата имплементација, постоело доволно време за едукација, за објаснување и прилагодување, изјави претседателот на СКК, Ангеловски.
Додека Ангеловски додаде дека Законот е една од обврските за приближување на Европската Унија, а не политика на СДСМ или на ВМРО. Ние имавме принципиелна реакција за едно исто прашање две мерки се смета дека е непотребно. Постои закон кој има широк опфат од 2500 производи, и овде има замрзнување на маржи само на 100 производи. Доколку се оди со две паралелни мерки може да се дојде до конфузија.
Со законот за нефер трговски практики коморите не се таргет, крајниот корисник е оној кој треба да го добие крајниот бенефит, затоа што кога се намалува конкуренција со додадени трошоци кој некој може да ги плати, а некој не мора, му ги кратите правата на секој потрошувач да има права на избор.“
Последните информации според претседателот на ССК велат дека луѓето кои се поставени на функции се тука да се погрижат да го спроведат законот. Овој закон е првиот чекор во реформирање на македонската економија, а следниот чекор би требало да е усогласување на царинските стапки со ЕУ, таму имаме една многу несредена ситуација.
Политичкиот аналитичар Бранимир Јовановиќ смета дека законот за добри трговски практики лесно е да донесе на хартија законот, но ако не се спроведува џабе е се.





