Ако излеземе од Владата, што да правиме? Да одиме со Славјанка? – прашува Меџити

Првиот вицепремиер Изет Меџити отфрла излегување од Владата на коалицијата „Вреди“ поради Законот за бранители предложен од пратеничката на СДСМ и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска.



„Иницијативата не е на Владата, туку на опозицијата. Е сега ние што да правиме, да излеземе од Владата и да одиме заедно со овие што го предложија Законот за бранителите?“, праша лидерот на Демократско движење во дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ 21.

„Ние мислиме дека Владата има капацитет да го изменаџира ова прашање. Е сега прашањето е ‘ако излеземе, што да правиме? Да одиме и да бидеме со Славјанка?“, додаде Меџити.