Утрово, од НП „Шар Планина“ известија дека во 07.30 часот е пронајдено телото на планинарка (72) во месноста „Ружен Камен“ за која вчера беше примен повик дека исчезнала во реонот на Љуботен, по што беше организирана потрага.
Регионалниот ЦУК Тетово, извести дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера, беше примен повик за исчезнатата жена.
Во потрагата беа вклучени ренџери од НП „Шар Планина“ заедно со нивниот директор, 12 специјалци од МВР, 5 полициски службеници од ПС Теарце.
За извлекување на настраданата жена од тежок и не пристапен терен се интервенира и од страна на алпинистот Надир Мурсели, којшто помага при вакви случаи на Шар Планина.
Увид на местото ќе изврши екипа од СВР Тетово, а е известен и Јавен обвинител.






