Денеска се празнува споменот на животот и мачеништвото на четирите христијанки-римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија.



Светите маченици Вера, Нада и Љубов живееле во Рим во време на царот Адријан, кој наредил нивно мачење, а потоа им изрекол и смртна казна.

Тие трите уште како деца биле обвинети поради тоа што проповедале христијанство. Вера тогаш имала само 12 година, Нада 10, а Љубов 8 години. Мачителите по тој редослед најпрво ги мачеле, а потоа и убиле една по една.

Преданијата велат дека нивната мајка Софија, три дена на гробот на нејзините ќерки го молела Бог да ја земе. Бог после третиот ден ја земал и ја однел во рајот кај нејзините деца.

Овој празник е посветен на жените и нивните деца.

Именден слават: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил, Љуба.