Меџити: Гарантираме дека нема да се укине законот за јазици, а за бранители ќе остане блокиран, нема да гласаме за него!

Законот за јазици не може да се укине. Ова го гарантира првиот вицепремиер Изет Меџити. – објави ТВ 21.



ТВ 21 пишува: Во емисијата „Клик Плус“ Меџити посочува дека законот за јазици треба да се унапреди, бидејќи не е целосен. Тој алудира на изразот „20 проценти“ како термин во уставот за албанскиот јазик. Меџити споменува три члена од законот за јазици, кои се однесуваат на униформите на полицијата и армијата, на банкнотите и на судските постапки.

Во врска со законот за бранители Меџити нагласува дека ќе остане блокиран и оти пратениците на Вреди нема да гласаат за него. Запрашан дали ќе поднесат оставки, ако помине законот, Меџити одговара дека не се согласуваат со предлагачот на законот Славјанка Петровска. Во однос на законот за бранители Меџити е изненаден од СДСМ како се претвори одеднаш од демократска во националистичка партија.

Предлагачот на овој закон Славјанка Петровска пред неколку дена ги затвори вратите за можното вклучување на поранешните борџи на УЧК во законот за бранители, но нејзиниот сопартиец Фатмир Битиќи ја остави отворена вратата за расправа.