Во автобус на компанијата Ројал травел, кој се враќал од Грција,  се појавил чад по што паттници во паника кршеле прозорци за да излезат, јавува ТВ21.



Настанот се случил во Велес, а несреќните патници дури ги скршиле прозорците за да излезат.

Како што дознава ТВ21, персоналот на автобусот ги повикал да излезат од автобусот, но во тој момент вратите не биле отворени, по што патниците ги скршиле стаклата за да избегаат.

Нема информации за повредени, но секако паника и стрес се предизвикани кај патниците.

Според информациите, повеќето од патниците се на возраст под 18 години.

Според неофицијални информации на ТВ21, станува збор за автобус на компанијата Беса Транс (по ново Ројал травел).