Кумановскиот огранок на ДУИ реагира на веста дека рускиот јазик ќе се изучува во основните и средните училишта во Куманово.
„Демократската унија за интеграција – огранок Куманово, изразува загриженост дека Владата составена од ОБРМ-ЗНАМ и нивните вазали ВЛЕН, по безброј скандали во централната власт, не заостануваат ниту во локалната власт.
На денот кога на Република Албанија и беше потврден датумот за почеток на преговорите за членство во Европската Унија, од друга страна, градоначалникот на нашата општина, воедно и претседател на партијата ЗНАМ, Максим Димитриевски беше домаќин на рускиот амбасадор. во канцелариите на општината.
Нивните дела ја докажуваат нашата визија дека сме биле во право кога се кандидиравме на изборите велејќи ДА ЗА ЕВРОПА, НЕ ЗА РУСИЈА!“, се вели во соопштението на кумановскиот огранок на ДУИ.





