Запрашан за можноста да биде следниот градоначалник на Скопје, бидејќи неговото име кружи во јавноста, градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во синоќешното гостување во емисијата „Клик плус” на ТВ21, рече дека не ја исклучува можноста за тоа и би го прифатил тој предизвик.
„Ќе видиме што вели мојата партија и што велат граѓаните. Од она што е евидентно мислам дека имаме одлична реализација на проектите. Досега, а имам и сериозна поддршка од моите сограѓани.
Би го прифатил тој предизвик, секако и мислам дека би бил човек кој што би ги решил проблемите што ги има нашиот град“, рече Ѓорѓиевски.






