Државниот пазарен инспекторат ги изрече првите казни за трговците кои не ја почитувале владината мерка за ограничување на бруто профитната маржа на 73 производи. Станува збор за 20.000 евра парчина казна за дури 8 маркети.
На само два дена по спроведување на мерката за ограничување на маржите на дел од основните прехрамбени производи инспекторите на терен со еден куп обврски. Контролираат големи маркети, но помали, како и бурекџилниците.

- „Во согласност со Одлуката на Владата за посебни услови за трговијата на одделни стоки извршени се над 60 надзори на цела територија на Македонија. Издадени се 8 прекршочни платни налози во висина од над 1.196.000 денари, а кај останатите субјекти постапките се во тек“, велат од Државен пазарен инспекторат.
На терен низ земјава биле 47 тимови со 135 инспектори.
Надлежните децидни, толеранција нема да има за трговците кои не ја почитуваат мерката и глобите ќе се движат од 2.000 до 10.000 евра. Колку за потсетување, викендов на сила треба да стапи Законот за нефер трговски практики со кој ќе се ограничи рабатот на над 2.500 производи кој според предвидувањата ана надлежните треба да донесе дополнително намалување на цените за околу 10 проценти.





