Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) досега изрекол казни во висина од речиси 20 илјади евра за непочитување на владината одлука за ограничување на бруто-профитните маржи до 10 отсто.



На целата територија на државата се излезени 47 тимови, односно 135 инспектори.

„Извршени се над 60 надзори на цела територија на Република Македонија. Издадени се осум прекршочни платни налози во висина од над 1 196 000 денари, а кај останатите субјекти постапките се во тек“, велат од ДПИ.

Пазарниот инспекторат вчера ги контролираше големите маркети, а од денеска почнува контролата во малите маркети, бурекчилниците и останатите трговци на мало.