„Следната седмица ќе започне јавната расправа за Законот за правична и соодветна застапеност, кој е веќе изготвен.“ – изјави вицепремиерот за политики и добро владеење Арбен Фетаи од коалицијата Вреди во интервју за ТВ Алсат.
ТВ Алсат пишува: Укинувањето на врамнотежувачот беше во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, која потоа стана програма на Владата. И покрај ставот на партијата на Мицкоски дека нема Закон и оти претставници на коалицијата Вреди го помешале со собраниската Комисија за правична и соодветна застапеност, сепак, Вреди нагласува дека законот е готов. Вицепремиерот од редовите на оваа коалиција Арбен Фетаи во интервју за Алсат вели дека следната недела ќе почне јавната расправа за Законот за правична и соодветна застапеност.
Врамнотежувачот – балансерот останува замрзнат од Уставниот суд, но остануваат и суспендирани сите вработувања на Албанците и другите етнички заедници врз основа на правичното и соодветно вработување, иако е тоа уставна категорија.
Сопрени се конкурсите, кои се во тек. Може да продолжи само постапката за конкурсите, што ги завршиле сите фази на селекцијата на кандидатите, за која не се знае кога ќе биде. Застапеноста ќе биде сегашна и без промена – „статус кво“ до конечната одлука на Уставниот суд за врамнотежувачот.






